• среда, 22 јануари 2025

Атаман потврди дека Матијас Лесор има скршеница

Атаман потврди дека Матијас Лесор има скршеница

Атина, 20 декември 2024 (МИА) - Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, тешко се повреди синоќа на натпреварот од 17. коло од Евролигата против Басконија.

Французинот се здоби со скршеница на левата нога.

- Матијас ќе направи магнетна резонанца. Ја скрши ногата, но лекарите ќе видат за каква скршеница се работи, изјави тренерот на Панатинаикос на прес-конференцијата по натпреварот.

Според прогнозите, кошаркарот би можел да пропушти од 2,5 до 3 месеци.

Лесор преку социјалните мрежи порача дека ќе се врати посилен по закрепнувањето од тешката повреда. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан