• недела, 19 мај 2024

Меси не постигна гол за прв пат на меч за Интер Мајами

Меси не постигна гол за прв пат на меч за Интер Мајами

Синсинати, 24 август 2023 (МИА) - Интер Мајами ноќеска го победи домаќинот Синсинати на пенали (3:3, 5:4) во полуфиналето на УС Опен купот. Ова беше прв натпревар на Интер Мајами, на кој Лионел Меси не се запиша во листата на стрелците.

 

Сепак на осмиот меч за американскиот клуб, 36-годишниот Аргентинец со асистенции учествуваше при постигнување на два гола.

 

Меси досега има 10 гола и три асистенции за Интер Мајами. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан