• недела, 19 мај 2024

Месечен раст на градежниот сектор во ЕУ во септември

Месечен раст на градежниот сектор во ЕУ во септември

Брисел, 20 ноември 2023 (МИА) – Градежништвото во ЕУ во септември годинава забележа раст од 0,5 отсто споредено со претходниот месец, додека во рамки на Еврозоната зголемувањето изнесува 0,4 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. 

На годишно ниво, пак, како што јави дописникот на МИА, во рамките на цела ЕУ градежниот сектор оствари раст од 0,1 отсто, а во Еврозоната пад од 0,3 проценти.  

Во август 2023 градежништвото во ЕУ имаше месечен пад од 0,8 отсто, а во Еврозоната од 1,1 проценти. 

Гледано по земји, најголем раст на месечно ниво во септември имал градежниот сектор во Словенија од 7,4 отсто, пред Полска од 3,6 и Словачка 2,3 проценти. Најголемо пад е регистриран во градежништвото во Унгарија и Романија од по 1,9 отсто, пред Португалија од 1,2 и Австрија од 0,9 проценти. 

Словенија бележи најголем раст во градежништвото и на годишно ниво од 32,1 отсто, пред Полска од 13,8 и Романија од 10,9 проценти. Најголем годишен пад е регистриран во градежниот сектор во Финска од 6,2 отсто, пред Шпанија од 6,1 и Унгарија од 6,0 проценти. сп/

Фото: МИА Архива/Евростат

Остани поврзан