Мерсие: ЕК очекува српските власти да спроведат итна истрага за нападот врз телевизиската екипа на Н1
- Нападите врз новинари се неприфатливи и Европската комисија изразува загриженост поради постојаните извештаи за напади врз новинарски екипи во Србија, изјави денеска портпаролот на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.
Брисел, 21 ноември 2025 (МИА) - Нападите врз новинари се неприфатливи и Европската комисија изразува загриженост поради постојаните извештаи за напади врз новинарски екипи во Србија, изјави денеска портпаролот на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.
Изјавата на Мерсие беше одговор на новинарско прашање за коментар на ЕК за вчерашниот напад врз новинарска екипа на телевизијата Н1 од лица за кои се претпоставува дека се поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и за „постојните лажни обвинувања“ на властите во Белград дека Н1 е „терористичка ТВ станица“.
- Очекуваме српските властите да спроведат итна и транспарентна истрага за овој случај, додаде кусо Мерсие. сп/сд/
Фото: МИА Архива