Менсел ги продава трофеите на аукција
- Поранешниот светски првак во Формула 1, Најџел Менсел, ќе понуди на аукција повеќе од 300 предмети собрани во текот на кариерата на британскиот возач.

Лондон, 13 септември 2023 (МИА) – Поранешниот светски првак во Формула 1, Најџел Менсел, ќе понуди на аукција повеќе од 300 предмети собрани во текот на кариерата.
Онлајн аукцијата, како што пренесува Би-Би-Си, ќе се состои од цела низа „многу лични предмети“ од тркачката кариера на Менсел, кои досега беа чувани во неговиот приватен музеј.
Аукциската куќа „Сотби“ ќе ја организира продажбата од 4 до 11 октомври.
На продажба ќе бидат ставени повеќе од 300 предмети, вклучувајќи 32 заштитни шлемови, 50 тркачки одела, 78 безбол капчиња и повеќе од 200 трофеи и награди. ег/паг/
Фото: Фејсбук