• сабота, 13 декември 2025

Гвардиола: Манчестер сити освои важна титула, влезе во Лигата на шампионите

Гвардиола: Манчестер сити освои важна титула, влезе во Лигата на шампионите

Манчестер, 3 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги искажа впечатоците за постигнувањето на тимот во премиерлигашката сезона 2024/25.

- Сезоната беше тешка, тешка година. Имавме многу проблеми и дома и на меѓународна сцена. Не бевме константни. Сепак може да се каже дека освоивме важна титула – влеговме во Лигата на шампионите. Во Англија ова е поважно од некои трофеи. Оваа задача постојано станува потешка, бидејќи конкуренцијата е седум до девет екипи. Ја завршивме сезоната на високо ниво, сега е време за Светското клупско првенство. Пристапуваме во добра форма и со став да стигнеме далеку, изјави Гвардиола за „Sport.es“.

„Граѓаните“ сезонава не освоија ниту еден трофеј, а завршија на третото место во Премиер лигата.

На Светското клупско првенство во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година, Манчестер сити ќе игра во Г-групата заедно со Видад (Мароко), Ал Аин (ОАЕ) и Јувентус (Италија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан