• петок, 22 ноември 2024

Мелони во разговор со Нетанјаху изрази надеж за постигнување договор за прекин на огнот

Мелони во разговор со Нетанјаху изрази надеж за постигнување договор за прекин на огнот

Рим, 13 август 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и за време на разговорот изрази силна надеж дека на следната рунда преговори на 15 август ќе биде постигнат договор за одржлив прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Италијанската премиерка уште еднаш ја изрази својата поддршка за посредничките напори кои ги преземаат САД, Египет и Катар, пренесе италијанската новинска агенција Анса.

Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, таа на крајот ја подвлече важноста од деескалација на регионално ниво, вклучително и долж израелско-либанската граница, каде се присутни привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во кои Италија има водечка улога. рп/

Фото: Скриншот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан