• недела, 22 декември 2024

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Москва, 17 ноември 2024 (МИА) - Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, најави дека руската армија врши концентриран напад врз инфраструктурните објекти на Украина, посочувајќи дека истата судбина ги чека и резултатите од американските инвестиции на оваа територија.

-Материјалните резултати од американските инвестиции на територијата на поранешна Украина, во услови на продолжување на конфликтот со Русија, ќе ја чекаат судбината на оние инфраструктурни објекти кои утрово беа подложени на концентриран руски напад, напиша политичарот. 

Според него, продолжувањето на конфликтот во Украина е од корист за Соединетите Американски Држави, кои ги зголемија своите испораки на течен природен гас во Европа поради антируските санкции.

-САД се среќни што инвестираат во конфликтот меѓу Русија и Украина. Во бројките за оваа година, испораките на нафта од САД во Европа се двојно зголемени (плус 101 отсто, или 37,3 милиони тони повеќе). Природен течен гас – за 18,5 милиони тони (плус 181 отсто). Добивката е убедлива. На крајот на краиштата, Европа нема каде да оди со оглед на недостатокот на суровини предизвикани од антируските санкции, рече Медведев.

„Крајот на руско-украинскиот конфликт може да ја поткопа позицијата на американскиот течен гас во Стариот свет (еден од нашите услови е укинување на санкциите). Што ќе биде поважно: изборни ветувања или пари? Прашањето е реторичко, нагласи тој.

По 2022 година, Европската унија воведе многу санкции кон Русија во својство на поддршка на режимот во Киев, и покрај штетата за сопствената економија, со прекинување на испораката на руски енергетски производи. ЕУ се обиде да ги замени количините на природен гас од Русија со скап течен природен гас од Соединетите Американски Држави (Вашингтон испорача до половина од увозот на гас во Европа во 2023 година), пишува Спутник. Елиминирањето на причините за конфликтот во Украина и укинувањето на сите санкции се руски услови за трајно решение.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека планира за неколку дена да го реши конфликтот во Украина и воопшто да стави крај на сите војни што се водат во светот. Оваа теза, која беше негово предизборно ветување, се потврди по објавувањето на резултатите од американските избори. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан