• вторник, 02 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 јули 2024

На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола. За него била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“. Н.Н. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

На 01.07.2024 година во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа В.Д.(30) од Охрид. Тој е лишен од слобода по писмена наредба од Основниот суд во Охрид со која се бара за издржување затворска казна од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“, по што е спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“.

Денеска (02.07.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека околу 00.30 часот, С.О.(24) од Скопје, вработен во клиниката, се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во клиниката. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
 
Денеска (02.07.2024) во 02.21 часот во СВР Скопје, В.П.(48) од Скопје пријавила дека околу 02.15 часот, додека се возела во автобус на ЈСП на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од Х.А.(59) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(34) и Ш.Р.(38) од една страна и А.Р.(25) и М.Ш.(27) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 01.07.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.06.2024 околу 12.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг, Д.И.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Т. (36) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 29.06.2024, вработена во златарски дуќан во Струга, на пријавениот му исплатила 50.000 денари за златна монета, која ѝ ја понудил за продажба, а за која било утврдено дека не била оригинална.

На 01.07.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, М.С.(79) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од Ѓ.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 01.07.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(26) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека во с.Кадино, скопско, бил физички нападнат од Д.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, К.Д.(20) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир, по претходно агресивно однесување, била удрена од страна на едно женско лице со совозачката врата од нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 27.06.2024, на ул.„50-та дивизија“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило, управувано од П.П. (27), во кое пријавениот бил совозач, кај кого при извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

На 01.07.2024 во 12.24 часот во СВР Штип, Ќ.А.(27) од Гевгелија пријавила дека во Штип, таа и А.А.(51) од Крива Паланка биле физички нападнати од Т.Д. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

На 01.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на правно лице од Скопје било влезено со употреба на сила и биле одземени поголем број различни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот, во текот на месец март оваа година, на место викано „Чамефлик“, извршил обљуба врз малолетничка која претходно преку социјална мрежа ја повикал на средба.

На 01.07.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-  Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И. (45) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на август 2023, на катастарска парцела во сопственост на Република Северна Македонија, пријавениот со цел да го спречи Е.Ј. во изградба на претходно започната градба на истата локација, поставил потпорен ѕид, со што противправно се стекнал со туѓо земјиште во сопственост на државата.

На 01.07.2024 во 21.15 часот во Полициска станица Чаир, С.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.07.2024 во 21.50 часот во СВР Велес, Р.К.(46) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, бил каснат од куче скитник. миа/миа/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан