• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Во Прилеп на ул.„Кордон“ вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Во близина на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии денеска запреле и извршиле контрола на автобус „ман“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин. По контрола над багажот на патниците во автобусот, кај лицето К.Г.(49) од Република Турција биле пронајдени 30 штеки цигари. Бидејќи станува збор за царински прекршок, известена е екипа на Мобилна царина за понатамошна постапка.

На 13.10.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(24) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2024 во 11.50 часот во с.Матка, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(38) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2024 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2024 во 16.10 часот во Скопје, на клучката „Радишани“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.К.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2024 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.И.(40) од Скопско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.10.2024 во 12.00 и во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени околу 50 куршуми калибар 9 мм и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 13.10.2024 во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на с.Ѓермо, тетовско, И.И.(38) од с.Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја. Полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

На 12.10.2024 во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.А.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 13.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, Ж.З.(53) од Скопје пријавил дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 13.10.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Драчево, М.Т.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Димитров“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан