• вторник, 21 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје, Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело „одземање на моторно возило“ „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А.. После тоа, на 15.03.2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(46) и М.Л.(76), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тие, на катастарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседуваат одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, извршиле доградба на куќа.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.Л.(46) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При извршен преглед кај него полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

На 14.04.2024 во 23.57 часот во СВР Штип, Ш.Н. од с.Батинци, скопско, пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н.. кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат. Исто така, околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот се упатени повеќе лица како поддршка на едната група. Полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет. За време физичката пресметка во установата, со повреди се здобил еден вработен, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (12/13/14.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 297 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 162 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за зборување на мобилен телефон, 27 мерки за возење без возачка дозвола...

На 14.04.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција при Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Св. Николе и Пробиштип, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 85 возачи, од кои 12 за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 14.04.2024 во 20.20 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(39) од с.Јакимово, виничко, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 14.04.2024 во Полициската станица Виница било пријавено дека во 14.26 часот во атар на с.Истибања, виничко, настанал пожар на површина со овошни насади и викенд куќа, сопственост на И.Ј од Кочани. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.М.(46) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.М., при што пронашле и одзеле хашиш смола и амфетамин. 

На 14.04.2024 околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош. Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

На 14.04.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ф.М.(31) и Н.Б.(33), двајцата од Скопје, затоа што претходно физички го нападнале А.С.(18) од с.Кондово, скопско. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.10.2023, полициски службеници извршиле претрес на домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечки карабин „Црвена застава“, ловечка пушка „Црвена застава“, пиштол „Застава“, 87 куршуми и четири ловечки патрони.

На 14.04.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје, 28 - годишна жена пријавила дека околу 11.30 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Џ.М.(27) од Скопје, од неговите родители и неговата тетка, при што биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.04.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Д.П.(68) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од соседот Д.Ѓ.(66) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(44) и Љ.К.(44), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.04.2024, полициски службеници извршиле преглед на пријавените, при што пронашле и одзеле амфетамин.

На 14.04.2024 во 17.45 часот во СВР Велес, Р.Н.(38) од Велес пријавила дека на улица „Белградска“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче сопственост на А.Н. од Велес.

На 14.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, М.Б.(65) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од неговиот сосед М.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Т.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 14.04.2024 во 16.20 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен починат Д.Д.(73) од с.Соколарци, кочанско. Според пријавеното, околу 16.10 часот во с.Соколарци, тој се здобил со повреди додека работел во штала, сопственост на П.Д., по што бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 14.04.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири сопатнички, Р.А.(57), Х.Х.(47), Р.А.(24) и А.А.(22 ), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди, исто така, се здобил возачот на возилото „фолксваген буба“, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(35) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.09.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 14.04.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца – Организациона единица Козле било пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници Р.Н.(17) и М.А.(17), кои и претходно се оддалечувале и биле враќани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 14.04.2024 во 15.20 часот во СВР Куманово, В.Т.(54) пријавила дека на улицата „Трајко Прокопиев“ во Куманово била касната од куче скитник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.З.(43) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 22.03.2024, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот физички нападнал малолетник од Делчево.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.И.(48) од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“. Пријавениот, во периодот од 2023 до 2024 постапил спротивно на наредба од ЈПКР „Бошава“ и се послужил со парични средства од корисници на услугите на претпријатието во вкупен износ од 110.831 денари, кои му биле доверени од корисниците.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „тешка телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 21.01.2024 пред казино во Кочани, по претходна меѓусебна физичка пресметка, пријавениот со нож му упатил закани на Љ.Л., по што физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди, додека на полициски службеник му упатил закани. миа/миа/

фото: МИА архива

Остани поврзан