• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - На Граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, вчера во 17:30 часот при извршена гранична проверка на П.А.(30) од Р. Албанија, кој управувал патничко моторно возило „хјундаи туксон“ со албански национални ознаки, било констатирано дека за возилото е распишана телеграма по барање на Интерпол. Тој бил приведен и заедно со одземеното возило биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

На место викано „Бабуна“ во Велес, вчера во 09:40 часот, полициски службеници Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода С.Ј.(28) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23:30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 345 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 173 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, 27 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за управување под дејство на алкохол.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во периодот од 8 до 14 часот била спроведена зајакната контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 138 прекршувања на брзината, од кои 56 на подрачје на Струмица, 37 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Гевгелија и 20 на подрачје на Валандово. Од нив, 86 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 52 во населено место. Двајца од санкционираните возачи се движеле со брзина над 50 км/ч поголема од дозволената. Во акцијата биле констатирани и 13 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Вчера во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар– село Градец, кај село Врапчиште, патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од село Врапчиште, удрило во пешакот Н.П.(70) од село Зубовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.П., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. Во врска со настанот, во 20:30 часот во село Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(44) и А.М.(40) од истото село, поради сомнение дека се обиделе да го прикријат возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во населбата Дреновец во Тетово вчера во 17:40 часот полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Тетово го привеле С.Д.(62) од Р.Албанија. Тој се сомничи дека остварил илегален влез во државата и постапил спротивно на активната забрана за влез во Република Северна Македонија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

И.И.(51) од Скопје вчера во 08:25 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавила дека на улица „Бојмија“ била касната од куче скитник.

Вчера во 19:15 часот во Полициската станица Карпош, Л.Г.(25) од Скопје пријавил дека на улица „Трифун Пановски“ бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера  во 12:20 часот С.С.М.(44) од Скопје пријавила дека во близина на реката Вардар била касната од куче скитник.ар/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан