• среда, 19 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 1 часот по полноќ на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Н.П.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (16.02.2025) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(41) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.(41) од Скопје, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.

На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки  телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ . Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 15.02.2025 во 14.50 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ѓ.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени три ножа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.02.2025 во 20.10 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„12. Македонска бригада“ во Скопје, била касната од куче скитник.

На 15.02.2025 во 16.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.А.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„2“ во село Визбегово, Скопско, бил каснат од куче скитник.

На 15.02.2025 во 11.55 часот во Полициската станица Кичево С.Н.К.(42) од Кичево пријавила дека на ул.„Јоаким Крчоски“ во Кичево нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 15.02.2025 во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.02.2025 во 15.50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Стеван Стеваноски – Царчето" во Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(32) и Д.Р.(29), двајцата од Прилеп.

При преглед кај М.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 15.02.2025  во 10.35 часот, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на распишана централна потерница, на ул. „Караорман“ во Битола го лишиле од слобода В.Б.(25) од Битола, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од три месеци.

В.Б. ќе биде спроведен во Затвор Битола.

На 15.02.2025 во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 15.02.2025 во 17 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје, и Л.М.(56) и Д.Б.(29), двајцата од Велес.

Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, Велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. Притоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја.

Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.02.2025 во 11.50 часот во Полициска станица Велес, А.М.(18) од село Башино Село, Велешко, пријавил дека на улица „Вардарска“ во Велес, бил каснат од куче. хс/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан