• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, вчера во 14.30 часот,  го лишиле од слобода А.Р.(28) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11.35 и во 12.20 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Љ.З.(36) од с.Боговиње и Е.Н.(32) од с.Горно Седларце. Тие се сомничат дека во периодот од 01.00 до 06.00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на Н.И.(55) од с.Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 16.40 часот, во атар на с.Болно, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45)  од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик. При контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација. Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Денеска (05.11.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Д.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена растителна материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 17.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.К.(49) и Т.Ц.(44), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 09.05 часот во ОВР Крушево, С.С.(37)  од с. Борино, крушевско, пријавил дека на место викано „Брака” во с.Борино, пронашол неексплодирана рачна бомба. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.

Вчера во 02.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.У.К.(26) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран од Интерпол – Узбекистан. Лицето било предадено на Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна пстапка.

Вчера во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Демир Хисар, во близина на с.Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(29) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката Џ.М.(23) од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, кај клучка Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(61) од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатничките М.С.(24) и М.Д.(24), двете од Берово и М.Ш.(20) од Пехчево, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(58) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(74) од с.Вратница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера околу 18.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во правец кон с.Крупиште, штипско, патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.В.(18) од с. Стар Караорман, штипско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Д.(56) од Штип, а со телесни повреди се здобила И.В. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

Вчераво 12.00 часот во Полициската станица Центар, В.Ф.(38) од Скопје пријавил  дека на кеј на реката Вардар, во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 20.00 часот во СВР Битола, В.Ш.(74) од Битола пријавила дека на ул.„Кланица” во Битола била касната од  куче скитник.

Вчера во 14.30 часот во ОВР Прилеп, В.Х.(68) од Прилеп пријавил дека во Градскиот пазар во Прилеп бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан