• четврток, 02 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - Вчера во 19:45 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(34) од с.Мала Речица-тетовско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 19:58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири за управување под дејство на алкохол...

СВР Скопје до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата. Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.

Денеска во 01:10 часот во село Новачани, велешко, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.Д.(48) од Велес, затоа што при преглед на патничко возилото „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д. бил пронајден и одземен нож. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 12:45 часот во Полициската станица Центар, А.Ц.(48) од с.Тромеѓа, кумановско пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 14:15 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(69) од с.Бардовци,  пријавила дека на ул.„6“ во с.Бардовци-скопско била касната од куче скитник.

Вчера во 11:20 часот во Полициската станица Драчево, Е.М.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. фф/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан