МВР Билтен
- На 22.04.2025 околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(24) и Д.С.(21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, соопштија денеска од МВР.
На 05.04.2025 во Прилеп, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавените физички го нападнале С.С. од Прилеп.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило „ауди а6“, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка. Таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената. Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(27) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 05.04.2025, пријавениот од негов профил на социјална мрежа напишал коментар на профил на друго лице, со кој го сторил кривичното дело.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 02.02.2025 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
На 22/23.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.А.(23) и Т.Д.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 22.04.2025 околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна. Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на ДЗС.
На 22.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 22.04.2025 околу 06.50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, на влез од с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(57) од с.Лакавица и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(38) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 22.04.2025 во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.А.(43) од Македонска Каменица и патничко возило „рено меган“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ц.(62) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ц., а со телесни повреди се здобил С.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Исто така, со повреди се здобил неговиот сопатник З.В.(44) од Македонска Каменица, кој бил пренесен во здравствена установа во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
На 22.04.2025 во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани. На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.04.2025 во 14.28 часот во СВР Штип било пријавено дека под воениот мост на река Брегалница во Штип била пронајдена стара артилериска неактивирана граната. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, кој ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.
На 22.04.2025 во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено - поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица. Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Штип. За настанот бил запознаен јавен обвинител.
На 22.04.2025 во 13.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(56) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син Б.М.(28) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 22.04.2025 во 13.10 и 14.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца – Организациона единица Козле е пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници Р.Џ.М.(17) и А.Х.(12), кои и претходно се оддалечувале и биле враќани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 22.04.2025 во 10.45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје било одземено патничко возило „фолксваген“ со чешки национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Чешка, во кое имало пари, компјутер и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(49) и Б.В.(51), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 22.02.2025 до 21.04.2025 на Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзена бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.Д.(38) од Скопје пријавил дека на 15.04.2025 околу 13.40 часот на фудбалско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје, А.Ј.(65) од Скопје пријавил дека на 19.04.2025 околу 18.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Б., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 78-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот син С.С.(61) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, со остар предмет и упатувал закани. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.04.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(33) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/
Фото: МИА архива