• четврток, 16 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - На граничен премин „Јажинце“ вчера во 18:15 часот од полициски службеници е лишен од слобода А.А.(30) од Р.Србија затоа што, според пријавеното, околу 07:30 часот во угостителски објект во Тетово му одзел пари, накит и лични предмети на С.С.(39) од Р.Турција со кого се познавале од претходно и избегал од местото на настанот. Кај лицето се пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека се предмет на кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 21:50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници се лишени од слобода У.Е.(47) и M.A.(43), двајцата од Р. Турција, затоа што, според пријавеното, се обиделе да одземат предмети од куќа на подрачје на Центар, но не успеале. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 23:05 часот на подрачје на Центар од полициски службеници е лишен од слобода А.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 22:30 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.К.(73) од Скопје пријавил дека на улица Виктор Иго бил каснат од куче скитник.

На 17.06.2023 во 21:30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници е лишен од слобода А.К.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 13:40 часот во Тетово од полициски службеници е лишен од слобода С.Б.(56) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 22:30 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода 27-годишен гостиварец затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.06.2023 во 3:15 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода Д.Д.(41) од село Маврово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23 до 5 часот на територија на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 19 возачи.

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 јуни) од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2). ар/дма

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан