• недела, 21 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Во Радовиш вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(32) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 12.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.В.(21) од Велес. Тој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Во Радовиш, вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Д.П.(22) од Радовиш  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(26) од Струмица. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.  

Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп вчера во 21:30 часот го привеле О.Т.(53) од Прилеп. При преглед на автобус со битолски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Скопје – Битола, со кој патувал О.Т., во неговата торба биле пронајдени 45 шишенца со метадон. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 22.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.Л.(19) од с.Мерово, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Во ОВР Кичево вчера во 12:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од с.Гарани, кичевско, удрило во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево. Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вчера  во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Народен Фронт и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(39) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од П.Ј.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. увид извршила екипа од СВР Скопје.  

Денеска во 00.30 часот Полициската станица Драчево, З.Д.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Драчево, денеска во 00:05 часот Н.Б.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

Вчера во 16.40 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Мучето“ тој и неговото куче – домашен миленик биле каснати од куче скитник.

Во СВР Битола - Полициското одделение Ропотово, вчера во 08:00 часот Д.К.(48) од с.Дебреште пријавил дека во атар на с.Дебреште бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан