• сабота, 15 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола.

Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(48) од Битола. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 14.06.2024 во 09.00 часот во СВР Велес, во присуство на старател, бил извршен службен разговор со малолетник од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разлицни апоени и мобилен телефон за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.06.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(50) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  Н.Л.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.06.2024  во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.А.(21) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 14.06.2024 во периодот од 21.30 до 23.45 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода  К.М.(23) и А.М.(24), двајцата од Охрид и А.П.(23) од с.Куратица, Охридско, со престој во Охрид, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и мобилен телефон.  

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се осум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... 

Денеска (15.06.2024) во 00.36 часот во СВР Штип, С.Р.(23) од Штип пријавил дека на 14.06.2024 во периодот од 22.40 часот до 00.00 часот во светларник од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.   

На 14.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека била пронајдена нивната штитеничка Б.Ј.(17), за која на 10.06.2024 беше пријавено дека се оддалечила од установата.  

На 14.06.2024 во 10.00  часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед управуван од В.Ч.(49) од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 14.06.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Ј.(56) од Скопје пријавил дека на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје  бил каснат од куче скитник. 

На 14.06.2024 во 13.10 часот во СВР Битола, Б.П.(83) од Битола пријавил дека на ул.„Македонска фаланга“ бил каснат од куче скитник. 

На 14.06.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, Е.Б.(18) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ била касната од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан