• четврток, 16 мај 2024
МВР Билтен

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје го лишиле од слободa Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за  сторени кривични дело по член  236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја. 

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната. 

Вчера во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.М.(35) и А.Ч.(28), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај А.Ч. бил пронајден и одземен кокаин. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и  биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во Радовиш, вчера во 20.15 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.К. (47) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска во 02.10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(53) и Е.А.(50), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при регионалниот центар за гранични работи Југ вчера во 16:10 часот го лишиле од слобода Д.М. (26) од Богданци, со привремен престој во Гевгелија. Тој бил затекнат како му помага на Е.Х. (39) од Република Албанија илегално да помине од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија. За настанот биле известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Вчера во 01.05 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(18) од Гевгелија и во присуство на родител во полициска станица извршиле службен разговор со малолетник од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мини купер“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, кај малолетникот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера 18:00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, ги лишиле од слобода О.Ѓ.(43) и К.Б.(49), двајцата од Велес, затоа што при преглед на возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Вчера во 19.00 часот на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Л.М. затоа кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(19) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.11.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

Завчера во 12:13 часот во СВР Битола било пријавено дека при ископ во кругот на РЕК Битола, рудник Брод-Гнеотино, била пронајдена неексплодирана алтилериска граната со калибар од 155 мм по потекло од Првата светска војна. На 15.03.2024 гранатата била  безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.  

Вчера во 15.00 часот на Гранчен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.Б.(43), по негово кажување, од Палестина. При пасошка контрола и проверка, тој на увид дал романска лична карта, за која било утврдено дека е фалсификувана.  Лицето било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење...

Денеска во 03.10 часот во Полициската станица Велес, Ј.Д.(47) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес неговиот малолетен син бил каснат од куче. 

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Битола, В.К.(57) од с.Карамани, битолско, пријавил дека на ул.„Баталјон Стив Наумов“ во Битола бил каснат од куче скитник. 

Во Полициската станица Аеродром, Л.Ѓ.Г.(36) од Скопје вчера во 20:00 часот пријавила дека на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан