• петок, 17 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - На 07.04.2024 во 15.00 часот во тетовското село Бродец, полициски службеници од  Полициското одделение Попова Шапка го привеле К.А.(53) од Бродец, кој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 11 месеци за извршено кривично дело ,,измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека лицето било  предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 06.04.2024 во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Н.С.(29) од село Воиславци, радовишко и Ј.А.(22) и Ѓ.О.(21) од Радовиш. При претрес во домот во Радовиш во кој престојувале лицата, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.04.2024 во 23.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.04.2024 во 15.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода З.И.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.04.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Ј.А.(22) и З.А.(21), двајцата од Пакистан. Претходно, тие со патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу возилото било престигнато и запрено и во него биле пронајдени шест лица мигранти од Непал. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (07.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 332 возачи. Од нив 25 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол...

На 07.04.2024 во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1732“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(40) од Скопје удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

На 07.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинденска“ со ул.„Ван Вардарска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор - четирицикл „стил“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(37) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 07.04.2024 околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган" со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а  увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 07.04.2024 во 23.20 часот во Полициската станица Центар, Ј.Ф.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник.

На 07.04.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Лисец“ бил каснат од куче скитник.

На 07.04.2024 во 21.30 часот во Полициска станица Аеродром, З.П.(60) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан