• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22:10 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:55 часот на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Љ.С.(39) од село Гошинце, липковско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На Граничниот премин Ќафасан, вчера во 13:15 часот полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(34) од Радовиш затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на СВР Струмица. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.   

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Во ОВР Гостивар вчера во 12:55 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Блажески“ во Гостивар патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(33) од гостиварска Ломница, удрило во малолетник од гостиварско Сенце. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Во СВР Охрид вчера во 12:50 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Во ОВР Виница вчера во 12:30 часот било пријавено дека во атар на село Лаки, виничко, при транспорт на дрва со трактор, С.Ѓ.(71) од Виница се превртел со тракторот и се  здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

Во Полициската станица Струга вчера во 18:30 часот било пријавено дека на локалниот пат во село Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од Октиси и малолетничка од Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

А.И.(33) од Скопје вчера во 22:40 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека на ул.„Атинска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан