• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 декември 2024 (МИА) - На Транспортен центар во Скопје синоќа во 21.00 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ц.Ш.(47) од Република Албанија.

МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил џепна кражба , при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници.  Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.12.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14..12.2024 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(18) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 15.11.2024, по претходна расправија, пријавениот се заканувал на неговата сопруга.

На 14.12.2024 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Ц.(25) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 14.12.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Тетово затоа што кај него бил пронајдени и одземен метален боксирач. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(50) од Скопје, удрило во пешакот Н.Х.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

На 14.12.2024 во 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(39) од с.Шипковица, тетовско, удрило во пешакот Љ.С.(60) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Е.(24) од с.Групчин, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.08.2024 во угостителски објект во с.Групчин, пријавениот физички го нападнал Е.Н..

На 14.12.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Драчево, Г.В.(57) од Скопје пријавил дека на на ул.„Жарко Зрењанин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.12.2024 во 10.20 часот во СВР Куманово, С.К,(80) од с.Пчиња, кумановско, пријавил дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

На 14.12.2024 во 17.00 часот  во Полициската станица Кичево, К.Б.(42) од Кичево нпријавил дека на ул.„4 Јули“ бил каснат од куче скитник.   цр/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан