• петок, 21 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - На 07.09.2023 во 14.30 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20.08.2023 во с.Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице. По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл. 236 од Кривичниот законик. 

На 07.09.2023 околу 09.00 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје се лишени од слобода С.А.(44) и А.М.(55), двајцата од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 07.06.2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т.. При извршениот службен разговор тие го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а одземениот предмет е пронајден кај нив и ќе биде вратен на сопственикот. Поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 и кривично дело „прикривање“ казниво по чл.261 од Кривичниот законик, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 07.09.2023 во 15.45 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.С.(29) од Радовиш, кај кого била пронајдена марихуана. Истиот ден, во 19.00 часот бил лишен од слобода и В.Т. (26) од Радовиш, бидејќи при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 07.09.2023 на место викано „Монопол“ во Валандово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило „фолксваген“ со струмички регистерски ознаки, управувано од А.В. (34) од Струмица. При контролата било констатирано дека возачот со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                  

На 07.09.2023 во 22.45 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ж.К.(18) од Гевгелија, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување за затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за некористење сигурносен појас...

На 07.09.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Рилски Конгрес“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(54) од Скопје и патничко возило „бмв“ со дипломатски регистарски таблички, управувано И.И.(51) од Р. Украина. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.             

На 07.09.2023 во 12.00 часот било пријавено дека во Штип, на ул.„Борис Крајгер“, патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.К.(28) од Штип, удрило во пешакот З.Н.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Н., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

На 07.09.2023 во 17.05 часот било пријавено дека во Кочани на ул„Кеј на револуцијата“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со кочански регистарски ознаки, „ауди“ управувано од Е.Р.(35) и „пасат“ управуван од Д.Г.(47), двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Г., а со телесни повреди се здобиле С.Р.(30) и малолетник, сопатници од возилото „ауди“, констатирани во Клиничката болница Штип и ЈЗУ Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.  

На 07.09.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(58) од Скопје пријавила дека на кеј „13 Ноември“ била касната од куче скитник. 

На 07.09.2023 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него. На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 07.09.2023 во 16.10 часот во Полициската станица Карпош, Е.А.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Миле Поп Јорданов“ бил каснат од куче скитник.

Остани поврзан