• понеделник, 29 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје З.С.(53) од Скопје, пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од М.Д.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 11:00 часот во СВР Скопје А.Б.(49) од Скопје пријавил дека околу 10:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Џ.И. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.04.2024 е пронајдена Л.А.(18) од Скопје, за која на 20.04.2024 беше пријавена дека се оддалечила од домот.  

На 21.04.2024  во  22.00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека околу 19:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.Ч.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 15.04.2024 полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле физички нападнати од пријавениот.

На 21.04.2024 во 15:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, едно лице со закана со оружје кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.02.2024 пријавениот на социјална мрежа му упатувал пораки со заканувачка содржина на полициски службеник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и Б.А.(34) од Битола, управител во пријавеното правно лице,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 01.12.2023 полициски службеници извршиле увид во документацијата на правното лице, при што било констатирано дека правното лице ангажирале 147 такси возила, за кои биле склучени 54 договори за изнајмување диспечерски услуги со физички лица и 40 договори за изнајмување на диспечерски услуги склучени со правни лица, од кои  само 38 поседувале лиценци за општински јавен такси-превоз, издадени од општина Битола, а притоа Б.А., не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај.

СВР Битола поднесе три кривични пријави против Е.Р.(23), Д.С. и С.С.(34) сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.12.2023, полициски службеници извршиле контрола при што ги затекнале пријавените како вршат јавен превоз на патници, без да поседуваат соодветна лиценца.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (19/20/21.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола …

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против К.Р.(42) од кичевското село Црвевци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање  во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед, извршен на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициските службеници, кај него и во неговиот патнички автомобил „опел астра“, пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Т.В.(40) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање  во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „4 јули“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 22.04.2024 во 10:00 часот во Полициската станица Струмица, било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано (билборд) на кандидат за претседател на претстојните избори, кое било поставено на раскрсницата од улиците „4-ти Јули“ и „Ленинова“ во Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и една „тешка кражба“, извршени ноќта на 21/22.04.2024 во Кочани. Кривичните дела „тешка кражба“ во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче’’, сопственост на општина Кочани, во која имало три службени простории: една на „Црвен крст“, една на Центарот за социјални работи и една на пратеникот М.Л.(45) од Кочани, како и во правно лице за брзи кредити и еден продажен објект. Кривичното дело „тешка кражба“ е извршено во продажен објект, од  каде сторителот одзел каса со пари. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 22.04 2024 од слобода е лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор со осомничениот, тој ги признал сите кривични дела, а дополнително признал дека извршил и пет „тешки кражби“ и една „кражба“ , извршени на почетокот на април 2024 година, исто така во Кочани. По документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан