• недела, 21 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 екември 2023 (МИА) - На 08.12.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(40) од охридското село Пештани. Тој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“.

При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот е известен  јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.12.2023 во 02.55 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е А.Т.(33) од охридското село Пештани. Тој е затекнат при употреба на кокаин,  а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (09.12.2023) во 00.10 часот во СВР Битола, Ј.Т.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Даме Груев" бил физички нападнат од Д.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.12.2023 во 19.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, лишен е од слобода Ќ.А.(27) од струшкото село Калишта.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа растителна материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 08.12.2023 во 12.20 часот на подрачјето на Бит-пазар полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го лишиле од слобода А.С.(47) од Скопје, поради тоа што во домот упатувал закани кон неговите родители и физички го нападнал неговиот 72-годишен татко.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 08.12.2023 година од 08.00 до 14.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач, коишто управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга- 14, Кичево- 43, Дебар- 04).

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.М.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

На 17.08.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле стебла од растението канабис.

На 08.12.2023 во 02.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Битола, поради тоа што на 07.12.2023 во казино во Битола со остар предмет го повредил Р.К.(27) од Битола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 08.12.2023 во 22.20 часот во Полициската станица Драчево, К.Ф.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.К.(22) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 10.12.2022 на паркингот во новиот пазар во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 09.12.2023 во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар.

При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Г.(19) и А.М.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 14.10.2022, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „пежо“, во кое бил А.М. со уште две лица, при што  била пронајдена и одземена марихуана, а од земени примероци кај другите две лица било потврдено присуство на метаболити.

Денеска (09.12.2023) во 04.35 часот во СВР Скопје А.С.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром било опожарено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.

Од пожарот биле зафатени и уште две возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд“ сопственост на Г.М.(42) и „ауди“ сопственост на Т.К.(49), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против Д.З.(30), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 02.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Ново Село, Скопско, при што биле пронајдени и одземени две пушки, оптички нишан и 36 куршуми различен калибар. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан