• петок, 26 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - На 10.04.2024 во 16.30 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани, со судска наредба, извршиле претрес на домот и помошните простории на М.Ј.(38) од с.Тркање. При претресот биле пронајдени и одземени еднострелно долго оружје „oрозара“ калибар 16мм, едно репетирачко долго оружје „Застава Крагуевац“ и повеќе различни видови куршуми и ловечки патрони со различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(50) од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга.   

На 10.04.2024 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 16 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 6 (ТЕ-2 и ГВ-4), со поминат рок на важност на сообраќајна дозвола 2 (ТЕ) и управување без положен возачки испит 4 (ТЕ). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) останати сообраќајни прекршоци. 

На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко. Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и бела грутчеста материја.

На 10.04.2024 во 18.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д.А.(40) од Скопје затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички ги нападнал Б.Ѓ.(48) и В.Ч.(46), двајцата од  с.Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.04.2024 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Добри Дол, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.С.(50) и Љ.С.(63), двајцата од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(40) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.04.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 10.04.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Ќојлија, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.А.(43) од една страна и Д.Џ.(36) и М.Т.(21), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.04.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.К.(59) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот во 61 наврат преку компјутерски систем извршил различни трансакции со платежни картички на друго лице. 

На 10.04.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово, Б.Т. (76) пријавила дека на улица „Кирил и Методиј“ во Куманово била касната од куче скитник. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(55) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Во својство на инвеститор, пријавениот во текот на октомври 2023 година во Струга започнал со изградба на објект за домување без да поседува одобрение за градба.  

Остани поврзан