• петок, 26 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.В.(54) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 27.12.2023, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

На 09.06.2024 во 23.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет бил примен И.М.(30) од село Слатино, општина Дебрца.

Според пријавеното, во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08/09.2024 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

За време на контролата биле констатирани 14 прекршоци. Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци.

На 09.06.2024 во периодот од 12.00 до 16.00 часот, при сообраќајни контроли на подрачјето на Струга, полициските службеници затекнале 07 возачи кои во населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Против нив се поднесени соодветни прекршочни платни налози.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.В.(44) од Охрид.

Тој, на катарстарска парцела во охридското село Рамне, неовластено и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, започнал со градба на семејна куќа.

На 09.06.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.И.(56), С.И.(45), двајцата од с.Батинци, скопско и А.Н.(53) од с.Чифлик, скопско, од една страна и Џ.Н.(47) од с.Чифлик од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.06.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот пред продажен објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против A.С.(44) од с.Канатларци, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Поради претходно нарушени меѓусебни односи, пријавениот со запалива течност предизвикал пожар на површина со трева во дворното место на лице од од с.Канатларци.

На 09.06.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје, С.Т.(19) од Скопје пријавил дека во дворното место на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од А.А., кој употребил и тврд предмет.

Подоцна, З.А.(55) од Скопје, исто така, пријавил дека околу 20.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од С.Т.(19). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.06.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, М.В.(75) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во дворот на семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение и нарушени соседски односи, бил физички нападнат од соседот А.Р.(23) од Скопје, кој подоцна му оштетил и прозорец од домот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(36), В.А.(34) и Е.Р.(34), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 05.06.2024 во угостителски објект во Битола, пријавените физички ги нападнале И.Ј. и Д.С. од Битола.

На 09.06.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје, Т.Н.(46) од Скопје пријавил дека на 08.06.2024  околу 18.50 часот на подрачјето на општина Аеродром, малолетник одзел паричник на неговиот малолетен син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 09.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.55 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.06.2024 во 20.30 часот, М.А.(30) од Кичево во полициска станица пријавила дека на булевар „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник.

На 09.06.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.Џ.(42) од Гевгелија пријавила дека во близина на угостителски објект во Гевгелија била касната од куче скитник. сст/

фото МИА архива

  

 

 

 

Остани поврзан