• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - На 29.11.2024 година во 12:40 часот во ПС Аеродром Н.П.(43) од Тетово пријавил дека претходниот ден (28.11.) околу 12:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка која што била во друштво со двајца другари била пресретната од 16 годишен малолетник нејзин соученик, кој замавнувајќи со остар предмет упатувал закани по живот кон неа и кон друг малолетник од истото училиште. Воедно на 29.11.2024 година во СВР Скопје, Е.А.(48) од Скопје пријавил дека на 28.11. во 13 часот на подрачјето на општина Аеродром, 16 годишен малолетник го пресретнал неговиот син и замавнувал кон него со остар предмет, а потоа  неговиот син физички го нападнал истиот. Според пријавителот претходно и преку социјална мрежа малолетникот упатувал закани по живот кон неговиот син. За настанот бил запознаен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 29.11.2024 година во 13.20 часот полициски службеници при СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.Ѓ. (51) од Куманово, кој што физички нападнал полициски службеник при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот против Ш.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 29.11.2024 година во 14.25 часот во СВР Штип, 47-годишен маж од Штип пријавил дека неговата поранешна сопруга М.Ш.(44) од Штип, физички ја нападнала нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР  Кичево, постапувајќи по видео снимки објавени на социјалните мрежи, на 29.11.2024 година, на разговор повикаа 17 годишно момче од Кичево кое претходно, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме. Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме а потоа и едно албанско знаме. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска  (30.11.) во 02.00 часот полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(44) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена НН бела прашкаста материја. Т.Б. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (30.11.) во 00.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес во угостителски објект во Велес при контрола на истиот затекнати се две малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци со што е сторено кривично дело „точење алкохол на малолетни лица“ предвидено по член 204 од КЗ. Исто така двајцата малолетници во објектот биле присутни после 24.00 часот, со што е сторен и прекршок  по член 21 од ЗППЈРМ. Малолетните лица се предадени на нивните родители а по документирање на случајот против М.Н. (58) сопственик на објектот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 28/29.11.2024 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности по Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на потегот од градското пристаниште во Охрид, до струшкото село Радожда,  пронајдоа и одзедоа 12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор.  

Денеска (30.11.) во период од 00.00 до 02.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово била извршена акциска контрола во угостителски објект во Гостивар, каде што поради злоупотреба на туристички престој биле приведени седум странски државјанки: К.К.(49), A.П.(38), Џ.K.(27) и M.В.(39) сите од Р. Албанија, Ш.Г.(39) од Р. Косово, и K.Х.(21) од Р. Украина и O.K.(28) од Р. Русија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На 29.11.2024 година во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Р.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 29.11.2024 година во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, У.Ф.(53) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека од семејниот дома се оддалечил неговиот штитеник А.Х.(12) , кој ѝ претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 29.11.2024 година во 21.10 час во ОВР Кавадарци Д.П.(49) од Кавадарци, пријавила дека на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци била нападната од неколку кучиња, при што била соборена на земја и касната, а од случајни минаувачи кучињата биле избркани.

Денеска (30.11.) во 09.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Р.(72) од Скопје пријавила дека во парк на подрачјето на Гази Баба во Скопје била касната од куче скитник.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.И.(48) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животна средина и природа“ и „узурпација на недвижности“. Тој, на парцела на крајбрежниот езерски појас во државна сопственост, прогласена за споменик на природата, која претходно ја узурпирал, повеќе пати во текот на оваа година, со работна машина -багер извршил ископ на земја а потоа, истурање на земјата во водите на Охридското езеро. Пријавениот, истурил земја и извршил порамнување  и на друга катарстарска парцела во крајезерскиот појас, во сопственост на друго лице со што извршил загадување на животната средина и негативно влијание врз квалитетот на водата и био-диверзитетот во Охридското Езеро.

СВР Битола до основното јавно Обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40)од Прилеп  вработен како  полицаец во КПУ Затвор Прилеп, поради постоење основано сомениение дека на 29.11.2024 година околу 18.00 часот, во угостителски објект на улицата  “Широк Сокак" во Битола, со закана со огнено оружје  упатил сериозни вербални закани по живот кон полициски службеници што пак преземале службени дејствија. Имено полициските службеници во тој момент  постапувале по основ на член 215 од КЗ на РСМ лишувајќи го од слобода лицето Т.Ж.(27) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Двете лица се лишени од слобода , а за Ф.И е поднесена кривична пријава за „Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, предвидено и казниво по чл.383 од КЗ на РСМ.ар/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан