• среда, 24 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 мај 2023 (МИА) - Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (25.05.2023) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

Тој, во својство на службено лице – вработен во Затворска полиција во КПУ-КПД Идризово Скопје, го ослободил осуденото лице Д.К. од Куманово, овозможувајќи му да избега од установата. Имено, Ј.Ј. на 20.05.2023, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2. Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот. Истиот ден, околу 09:16 часот во казино на ул„Благоја Стефковски“, осуденикот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. За кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка ЦЗ 85“.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 573 возачи.

Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 287 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 286 надвор од населено место.

Вчера околу 11:35 часот во СВР Велес е пријавено дека во Итна медицинска помош биле донесени повредени З.Ж.(63) и Ѓ.М.(62), двајцата од Велес.

Според пријавеното, тие околу 11:00 часот, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37) од Велес, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Во 11:30 часот вчера било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.И.(50) и нејзината мајка Ѓ.Б.(69), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден од 11:00 до 17:00 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на Струга и Дебар, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 возачи, кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Струга-19, Кичево-23).

Синоќа во 23:00 часот Ќ.Р.(32) од с.Идризово, скопско, пријавил дека околу 22:45 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од В.Х.(18).

Исто така, денеска (25.05.2023) во 01:40 часот, В.Х. пријавил дека околу 00:30 часот бил физички нападнат од Ќ.Р. со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 17:26 часот во Полициска станица Гази Баба, С.Ш.(43) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека додека управувал патничко возило „фолксваген голф 5“ со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Гази Баба, поради недоразбирање во сообраќајот, Љ.И.(19) од истото село, кој управувал мопед, испукал од пиштол кон пријавителот.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.П.(21) од Битола, поради постоење основано сомнение за кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“.

На 08.09.2022 во Прилеп, кај Домот на културата „Марко Цепенков“ бил затекнат пријавениот заедно со уште три лица, во чија близина била пронајдена марихуана.

Вчера околу 16:15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека околу 15:00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, маж на возраст од околу 60 години недолично се однесувал кон три малолетнички од Скопје, ги допирал и им нудел алкохол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22:10 часот, В.С.(57) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Денеска во 14:30 часот на ул.„Крсте Асенов“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.М.(58) од Скопје.

За него била распишана централна потерница со која се барал по наредба од Основен кривичен суд - Скопје како осудено лице на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено - поправна установа.

Денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт со моторно возило за време на активна забрана  за возење, при што исклучени од сообраќај се 14 возачи.

За време на контролата откриени се и 14 останати прекршоци.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан