• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) -  Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера во Охрид  го лишиле од слобода  У.Д.(44) од Охрид.

При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Toj бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија. При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак).

Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково - Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото.

По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“. Мигрантите биле сместени во прифатно- транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 08.10.2024 во 10.30 часот во близина на авто камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Г.(54) од Охрид затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 06.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле З.Б.С.(57) од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата.

Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

На 08.10.2024 во 20.30 часот во с.Камењане, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.Ј.(22) од Камењане, постапувајќи по претходна пријава дека, по претходно недоразбирање, со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно.

А.Ј. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.К.Б.(28) од Сојузна Република Германија затоа што на улица „Доне Божинов“ во Куманово со остар предмет нападнал двајца малолетници додека питачеле, кои се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 08.10.2024 во 15.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Берово настанал пожар на помошен објект.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.  

На 08.10.2024 во 20.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 часот во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром, едно лице од касата одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.М.(47) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на Транспортен центар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (09.10.2024) во 02.24 часот во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(35) од с.Ерџелија, Светиниколско, пријавила дека нејзината ќерка Б.Т.(15) не се вратила дома од училиштето во кое учи во Штип.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(18) од село Долно Количани, општина Студеничани, пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, при излегување од автобус на ЈСП, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од А.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2024 во 12.00 часот на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран пронашле четири лица - мигранти (двајца од Непал и двајца од Монголија).

Тие биле забележани како излегуваат од патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, кое веднаш го напуштило местото. Лицата биле предадени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11.00 до 15.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Делчево, К.Ј.(27) од село Разловци, Делчевско, пријавил дека на 06.10.2024 околу 03.30 часот во Делчево бил физички нападнат од З.„Н“ и И.С.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2024 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје.

На 07.10.2024 беше пријавено дека тој се оддалечил од установата.

На 08.10.2024 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца Скопје било пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници И.И.(14) и Ч.С.(17), кои и претходно се оддалечувале и биле враќани.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.    

На 08.10.2024 во 16.35 часот во СВР Тетово, З.И.(49) од Тетово пријавил дека околу 15.30 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 08.10.2024 во 09.50 часот во ОВР Гостивар, Е.М.(57) од Гостивар пријавил дека претходниот ден околу 22.30 часот во Долна Бањица бил каснат од куче скитник.

На 08.10.2024 во 11.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Б.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 08.10.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, А.Е.(48) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е.(27) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 04.10.2024 на паркинг простор пред угостителски објект во с.Џепчиште, Тетовско, пријавениот одзел патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на М.Б. и го однел во с.Порој, но набргу бил фатен од сопственикот.

Од судија при Основен суд Тетово, на пријавениот му е изречена санкција за протерување странец од територијата на Република Северна Македонија.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т.(26) и Н.С.(25), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 29.09.2024 во Крива Паланка, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со М.В., при што првопријавениот фрлил метален предмет клуч кон М.В., но не го погодил.   

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.Д.(33) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 04.10.2024 на граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило кое го управувал.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 15.03.2024, пријавениот физички нападнал затворски полициски службеник кој се обидел да го спречи да побегне од казнено-поправната установа, каде издржувал затворска казна.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.У.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На  07.09.2024, пријавениот запалил нива на „Индустриски пат“ во близина на место каде што имало отпад. .

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2020 во Струга, во својство на инвеститор, пријавениот изградил угостителски објект покрај крајбрежјето на Охридското Езеро без да поседува соодветна документација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Р.(60) и Н.Р.(39), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

На 17.07.2024 во Тетово, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.П.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 23.05.2024 во амбулантното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавениот физички нападнал затворски полицаец при вршење службени дејствија.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.А.(48) и А.А.(51), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 21.01.2024, А.А. се договорил со друго лице за купопродажба на стан. Подоцна, со лажно прикажување факти, оштетениот бил доведен во заблуда и на Н.М.А. преку банка уплатил 810.000 турски лири и на тој му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од околу 3.321.000 денари. хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан