• четврток, 13 март 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 јануари 2025 (МИА) - На 10.01.2025 во 10.03 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во затвореното одделение во установата, при претрес кај осуденикот Е.Б.(33) од Тетово била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 11.30 часот во СВР Штип, 37-годишна жена од Берово, пријавила дека околу 00.15 часот во семејниот дом, таа и нејзиното дете, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Т.Е. од с.Василево, струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 21.36  часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во полуотвореното одделение во установата била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Б.А.(27) и неговите родители. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 12.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари Т.М.М.(54) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината штитеничка С.Р.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Денеска (11.01.2025) во 02.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, била опожарена влезна врата од стан сопственост на Љ.А.(64) од Скопје. Повредени лица нема. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало. При тоа и нанел повреда на една од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  цр/

Фото: МИА архива

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан