БЕСТ - Скопје го организира 20. Саем за вработување и кариера
- Бордот на Европски Студенти по Технологија - Скопје (БЕСТ) го најавува 20. Саем за вработување и кариера - Job Fair. Настанот ќе се одржи од 24-27 март на техничкиот кампус (ФИНКИ, ФЕИТ, МФС, ТМФ) и ќе привлече повеќе од 5 000 студенти и над 90 компании.

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Бордот на Европски Студенти по Технологија - Скопје (БЕСТ) го најавува 20. Саем за вработување и кариера - Job Fair. Настанот ќе се одржи од 24-27 март на техничкиот кампус (ФИНКИ, ФЕИТ, МФС, ТМФ) и ќе привлече повеќе од 5 000 студенти и над 90 компании.
Како што соопштуваат од БЕСТ, целта на Job Fair е да понуди квалитет на работодавците и на студентите преку бројни проекти во соработка со универзитетите и компаниите во цела Европа. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство на техничко-технолошкиот кампус, каде партнер компаниите ќе имаат можност директно да се запознаат со студентите.
-Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е одлична можност за секој студент да ги надгради своите професионални вештини, да извлече вредни информации околу индустријата, но пред сè, да се запознае со претставници од компании кои ќе му помогнат полека да се вклучи во пазарот на трудот, велат од БЕСТ. ар/нд/
Фото: БЕСТ