• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Вчера во 10.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица, поради сомнение дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Полициската станица Струмица вчера било пријавено дека била извршена тешка кражба во продажен објект во село Иловица, струмичко, при што биле одземени 254 кутии со цигари. По преземени мерки било утврдено дека сторител е А.А.(21) од село Иловица, кој во службениот разговор го признал делото, а од него биле одземени кутиите и алатот со кој ја извршил кражбата. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно расчистување на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Синоќа околу  22.45 часот во близина на с.Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци. При контрола на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.

Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.Б.(28) и Ѓ.Г.(29), двајцата од Радовиш. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.Б. а сопатник бил Ѓ.Г, кај В.Б. и во возилото била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на ул.„Братство- Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.  

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола и преглед извршен на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. 

Вчера во 17.28 часот во СВР Скопје, А.Ш.(46) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на патот од с.Долно Лисиче кон с.Горно Лисиче, скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.М.(41) и Е.А.(65), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 11 декември 2024 во 14.02 часот во СВР Скопје, 37 - годишен маж пријавил дека на 09.12.2024 околу 12.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, неговата сопруга И.С.(31) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, 57 - годишна жена пријавила дека од септември до 12.12.2024 на подрачјето на Ѓорче Петров и биле упатувани закани, а исто така била и физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.С.(50). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(20) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на работното место во казино на подрачјето на Мирковци бил физички нападнат од А.Н. од с.Горно Блаце, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера околу 14.25 часот во СВР Скопје, С.А.(45) од Скопје пријавила дека на 07.12.2024 околу 23.50 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кое едното го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, А.П. од Скопје пријавила дека на 11.12.2024 околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, С.А.(21) од Република Турција пријавила дека околу 13.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.  

Вчера во 17.35 часот во СВР Скопје, Н.А. од Скопје пријавил дека едно лице со употреба на погоден алат влегло во неговиот стан и откако го забележал настанала физичка пресметка помеѓу нив, по што лицето го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.О.(23) од Скопје, кој околу 20.20 часот починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.Б. (40) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 30.10.2024 во двор од основно училиште во Берово, пријавениот физички нападнал малолетник.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ј.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(56) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 24.11.2024 во Штип, пријавениот со пиштол „застава“ му се заканил на Д.И.(27).  

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Б. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.09.2024 на паркинг простор пред спортска сала во Прилеп, пријавениот го запалил моторот, кој претходно го управувал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) - лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „помагање“ во врска со „измама“, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со „измама“, против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“. Првопријавениот, во неколку наврати креирал медицински извештаи со невистинита содржина во корист на други лица, кои биле употребени како доказен материјал во осигурителна компанија и на име на обештетување на нематеријална оштета, исплатиле на жиро сметките на пријавените М.Д., Н.А., С.Д., Т.М. и на Ш.Х., поединечно по 80.000 денари, додека на пријавените Б.Д., Т.Љ. и лицето М.Т. им биле исплатени поединечно по 70.000 денари. Паричните средства на пријавените Д.М. и лицето Ш.Х. не се лично подигнати, туку од пријавениот Б.Ф., кој претходно зел полномошно за подигање на паричните средства од филијалата на банката и подоцна со полномошно се уплатени на жиро-сметката на пријавениот А.Л.. Пријавените адвокати, го сториле првото кривично дело „злоупотреба на службената положба“ во текот на септември и октомври 2023 година, на начин што полномошното не го добиле лично од странките, туку од пријавениот А.Љ. и извештаите ги доставиле до осигурителната компанија, врз основа на кое била исплатена оштетата на жиро-сметките на пријавените во износ од 610.000 денари. Останатите пријавени, во текот на септември и октомври 2023 година, свесно ги ставиле на располагање своите лични податоци врз основа на кои било креирано полномошно за подигање на парични средства од филијала на банка во Тетово, врз чија основа биле фалсификувани медицински извештаи. 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.А.(25) Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавениот, во пет наврати, направил пет невистинити испратници и фактури, на начин што во испратниците внел лични податоци на четири физички лица од општина Гевгелија, Богданци и Валандово, при што дал лажен податок дека на физичките лица им продал земјоделски производи кои ги употребил во правниот промет, со што нанел штета на правен субјект од Гевгелија во износ од околу 62.000 денари. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан