• понеделник, 29 април 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 11:30 часот во Охрид го лишиле од слобода А.А.(40) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица вчера во 19:00 часот ги лишиле од слобода Д.С.(35) од Македонска Каменица и С.А.(22) од село Моштица, општина Македонска Каменица, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На регионалниот пат Куманово - Скопје, во близина на село Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска околу 10:15 часот запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково. Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција. 

На автопатот А1, во близина на село Прдејци, гевгелиско, вчера во 4:30 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки, но возилото продолжило со движење. Набргу, по преземени мерки возилото било пронајдено  на патот кон село Драчевица, демиркаписко, и биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, кои се превезувале во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 32 прекршоци, од кои 21 надвор од  населено место и 11 во населено место.Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци. 

На тетовско-гостиварското подрачје вчера од 7:00 до 11:00 часот спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и законски санкционирани 5 (ГВ) технички неисправни возила, кои имале неисправни сопирачки. Возилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4). 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ги привеле К.Џ.Ф.С.(18), Т.А.Л.(20) и М.М.А.(19), сите од Сојузна Република Германија, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

С.Ј.(33) од Скопје вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата. Според пријавеното, лицата го оштетиле и неговото патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Г.С.Б.(38) од Скопје вчера во 10:40 часот во СВР Скопје пријавила дека на 12.03.2024 околу 17:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.Ј.(38) од Скопје завчера во 22:15 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 21:00 часот  во трговски центар на подрачјето на Гази Баба едно женско лице физички ја нападнало нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Ј.С.(50) од Скопје вчера во 19:25 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека на улицата „Дрезденска“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче.

Н.К.(52) од Скопје вчера во 18:30 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на бул.„Јадранска магистрала“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

П.А.(43) од Битола вчера во 13:20 часот во СВР Битола пријавил дека на улицата „Генерал Васко Карангелевски” бил каснат од куче скитник.

Е.Д.(59) од Штип вчера во 20:00 часот во Полициската станица Штип пријавила дека на улицата „Сремски фронт“ во Штип била касната од куче скитник.

М.П.(20) од Битола вчера во 21:40 часот во СВР Битола пријавил дека на улицата „Кочо Рацин” бил каснат од куче скитник. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(18), Д.К.(20), Н.Б.(18), М.З.(18) и двајца малолетници, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавените, во текот на јуни 2023 извршиле обљуба врз малолетничка.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство врз дете“. На 22.02.2024 во средно училиште во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетничка и ѝ нанел повреди.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ц.М. (37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Е.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.07.2023, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле хероин. 

ОВР Ресен поднесе кривична пријава против И.Ј.(44) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот, во периодот од септември 2023 до 19.02.2024 ја следел и вознемирувал својата сопруга со која се во бракоразводна постапка.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(72) од село Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 16.02.2024 на катастарска парцела во Охрид пријавениот вршел градежни активности во подрумски простор на станбена зграда за кои не поседувал одобрение за градба. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 10.10.2023 на ул.„Мирче Ацев“ во Битола, полициски службеници извршиле контрола на возило кое го управувал пријавениот и било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца. вј/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан