• понеделник, 29 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Денеска во 06:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле „тешки кражби“ во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети. Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против З.Л., самостоен инспектор за граничен надзор во Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсикување исправи“. Имено, З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност постапил несовесно во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвидениот рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А., ниту своерачно ја потпишал. На тој начин пријавениот му нанел штета на угледот на МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Денеска во 04:40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го привеле Н.С.(37) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.   

Денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 24 пешаци (ТЕ-11 и ГВ-13). Најголемиот број од пешаците 23 (ТЕ-10 и ГВ-13) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 1 (ТЕ) не ја почитувал светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на т.н. сообраќајни поуки.

На 11.04.2024 во 20:10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле М.М.(27) од с.Челопек, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 11.04.2024 во 20:00 часот во Полициско одделение Новаци, У.Ј.(24) од с.Будаково, општина Могила, пријавил дека во с.Будаково бил каснат од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Ф.(51) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во Охрид градел на куќа за која немал соодветна документација издадена од надлежен државен орган.

На 11.04.2024 во 18:50 часот во СВР Скопје, Ж.Д.(60) од Скопје пријавил дека околу 13:00 часот на работното место како обезбедување во Јавна здравствена установа - Специјална болница по гинекологија и акушерство во Чаир бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2024 во 10:30 часот во СВР Битола, П.У.(25) од Битола пријавил дека на ул.„Девеани” бил каснат од куче скитник.

На 11.04.2024 во 22:45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово. Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11.04.2024 во 21:40 часот во СВР Скопје, З.Б.(55) од Скопје пријавил дека на 08.04.2024 околу 17.15 часот во с.Инџиково, скопско, бил физички нападнат од М.С. и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2024 во 14:00 часот во СВР Битола, Т.В.(53) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ш.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Пријавениот со употреба на сила се обидел да влезе во домот на Х.Х., но го напуштил местото откако во објектот пристигнал нејзин сосед.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 02.04.2024, пријавениот физички го нападнал С.Р., кој се обидел да го спречи при обид за разбојништво.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Н.(20) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 17.02.2024, пријавениот со пиштол во рака влегол во бензинска станица во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л (46) и М.Л.(76), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, без да поседуваат одобрение за градба од надлежен орган, изградиле доградба на куќа.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан