• сабота, 13 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - На 11.07.2024 во 12.50 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле А.М.(37) од Кавадарци и Ј.В.(31) од Штип, по претходна пријава од вработен во скопска фирма, која работела на изградба на пат, дека на делницата од Фариш до Дреново, кај тунелот, биле одземени метални предмети. Предметите биле пронајдени кај двете лица и одземени, а потоа вратени на сопственикот. По документирање на настанот против А.М. и Ј.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.07.2024 во 23.00 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, лишен е од слобода А.С.(38) од Охрид, бидејќи полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при преглед пронашле и одзеле кеса со бела прашкаста материја, која тој претходно ја исфрлил. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.З.(41) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 01.09.2023 во близина на основно училиште во Битола, бил затекнат Р.Ш., кој од пријавениот купил кокаин.

На 11.07.2024 година во 23.20 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, од полициски службеници од ОВР Струга приведен е Е.П.(47) од Куманово. При преглед извршен во неговиот автомобил, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога забележале дека тој исфрлил стаклен предмет со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.К.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 03.03.2024 во Општата болница во Струмица, при извршен преглед кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана, која ја консумирал со Н.Р..

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење...

Денеска (12.07.2024) во 04.30 часот 40-годишна жена пријавила дека околу 00.00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 14.06.2024 пред маркет, пријавениот физички ги нападнал неговата поранешна вонбрачна партнерка и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди.

На 11.07.2024 во 21.33 часот во СВР Скопје, Б.М.(36) пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од И.Т.(30), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 30.06.2024 во семејната куќа во гостиварско село, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ телесни повреди.

На 11.07.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на 09.07.2024, во полуотвореното одделение, В.Т.(39) од Скопје бил физички нападнат од Д.П., К.Б. и Р.Џ., сите притвореници во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.В.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.03.2024 пријавениот, по претходна вербална расправија, физички го нападнал О.М., при што му нанел тешки телесни повреди.

На 11.07.2024 во 07.00 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.Г.(31) од Штип. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал градежни работи во фирма во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(39) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во периодот од јуни до ноември 2023 година, ја следел и ѝ упатувал закани на поранешната партнерка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(54) од с.Присојница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, набавил фалсификувана возачка дозвола, која ја приложил како вистинита на службите во Република Италија и извршил замена со италијанска возачка дозвола.

Денеска (12.07.2024) во 04.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(38) од Скопје, пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во неговото патничко возило „мерцедес“, а од пожарот било зафатено и патничко возило „шкода“, сопственост на С.З.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна единица. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.К.(36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на март 2024 пријавениот, без да поседува одобрение за изведување на градежни работи, започнал со ископ на плац во с.Брвеница, тетовско. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан