• вторник, 05 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - На 30.10.2024 во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје, која се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово.

Приведената била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по  чл.247  од КЗ на РСМ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На 30.10.2024 околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во РСМ се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.

Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ. К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против K.T.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола извршена на патничко моторно возило „мерцедес“, во кое тој се превезувал, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Денеска (30.10.2024) во  07.20 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од с.Долно Количани, Скопско, пријавил дека на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, С.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот на подрачјето на Гази Баба во автобус бр.65 кој стоел на автобуска постојка, неговиот малолетен син бил физички нападнат од возачот на автобусот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.10.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, М.А.(42) од с.Бардовци, Скопско, пријавила дека околу 13.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.10.2024 во 15.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле З.Т.(46) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.10.2024 во 13.54 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(32) од Скопје пријавил дека во стан каде престојувал на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно нерасчистен паричен долг, бил физички нападнат од З.„Н“. кој дошол заедно уште едно лице и му оштетил и дел од инвентарот, а потоа му одзел и телевизор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.10.2024 во 17.48 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа - Затвор Идризово било пријавено дека на 26.10.2024, Н.Д.(52) од Скопје бил физички нападнат од О.Д.Р., инаку двајцата осуденици во установата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Денеска (30.10.2024) во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода М.М.(36) од с.Облешево по претходна пријава дека на 29.10.2024 околу 21.00 часот во спортска обложувалница во Кочани и упатувал закани на Т.С.(47) од Кочани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.10.2024 во 21.00 часот било пријавено дека во Кочани пред спортска обложувалница бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ц.(55) и Т.С.(46), двете од Кочани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.10.2024 во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди.

Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение.  Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал. Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”.

На 29.10.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, И.А.(36) од Скопје пријавил дека на 16.10.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на Центар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Ј.С.(62) од Скопје, а по кратко време дошле и уште неколку други лица, кои му се заканувале и со тврди предмети му го оштетиле мотоциклот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „разбојничка кражба“.

На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна  корист од 38.376 денари.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.М.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и А.М.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.

На 17.10.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај пријавениот при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки, револвер „смит“ 357, пиштол „сиг“ 226 со една рамка, пиштол „берета“ калибар 9 мм со една рамка, ловна пушка, пиштол „блов“ калибар 9 мм и 409 куршуми со различен калибар, кои ги набавил од второпријавениот и ги чувал без соодветна дозвола.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 09.08.2024 во 08.30 часот во КПУ Идризово пријавениот физички нападнал вработен од установата.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д. (18) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад и силување“.

На 26.07.2024 околу 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, пријавениот извршил полов напад врз 20-годишна девојка.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.А.(34) од Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 01.05.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „сеат алтеа“, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.В. (31) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 31.10.2023 пријавениот измамил сопственик на правен субјект од Кочани, на начин што телефонски договорил испорака на градежен материјал до с.Кундино. Откако материјалот бил доставен и износот не бил платен, сопственикот констатирал дека бил измамен од пријавениот, со што била причинета материјална штета во износ од 29.600 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Б.(51) од Струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На 30.09.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што бил пронајден предмет кој ги исполнува условите да влезе во категорија на движно културно наследство. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан