• вторник, 11 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Т.(29) од струшкото село Ложани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.  

Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа пиштол калибар 8 милиметри, автоматска пушка и една рамка со 14 куршуми, кои нелегално ги поседувал. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 05.11.2024, тој неовластено ја искористил претходно изгубената платежна картичка на А.Б. од Кичево и во пет наврати извршил плаќања во повеќе различни локации, при што се стекнал со противправна имотна корист.

На 09.02.2025 во 11.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.А.(34) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.02.2025 во 21.45 часот во СВР Скопје, Р.А.(25) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 18.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.Б. од с.Арачиново, К.И. од с.Сингелиќ, скопско и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, Л.С.(23) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров, тој и А.И.(35) од Скопје биле физички нападнати од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (10.02.2025) во 06.00 часот во СВР Скопје, Е.Д.(29) од Скопје пријавил дека околу 04.00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале и му одзеле лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.02.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и  погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.02.2025 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.15 часот кај патот за с.Батинци, скопско, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(48), Н.С.(21), П.С.(20) и еден малолетник, од една страна и Н.А.(52), Л.А.(24) и Е.А.(26), од друга страна, сите од Скопје, при што било оштетено и патничко возило, сопственост на Н.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, три лица пријавиле дека во периодот од 19.00 до 21.30 часот од соблекувална на спа центар во хотел на подрачјето на Центар им биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.02.2025 во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на И.М.(72) од Скопје. Екипа од Бригадата за протвпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додека, неговиот син Н.М.(42) од Скопје, поради вдишување на чад, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош.  

На 09.02.2025 во 14.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари била пронајдена А.А.(15) од Скопје, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот на нејзината баба во Шуто Оризари.

Денеска (10.02.2025) во СВР Скопје, Љ.П.(54) од Скопје пријавила дека на 09.02.2025 во периодот од 01.30 до 04.20 часот, откако нејзиниот малолетен син излегол од ноќен клуб на подрачјето на Центар, му биле одземени патики и јакна. Според пријавеното, тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ каде му била укажана помош. Се работи на расчистување на случајот.   

СВР Битола поднесе кривична пријава против У.А.(38) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 18.01.2025 пријавениот довел во заблуда едно лице дека ќе му продаде 20 тона јаболка за 183.000 денари, но откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетениот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Е.(35) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификувана исправа”. На 03.02.2025 на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило со полуприколка, кое го управувал.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.К.(31) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификувана исправа”. На 04.02.2025 на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило со полуприколка, кое го управувал.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,затајување’’. Пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25.12.2024 од касата одзела 61.000 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против У.Ф. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’. На 02.01.2025 во депо на пајак служба во Куманово, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да го нападне вработениот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ф.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 11.09.2024 во с.Визбегово, скопско, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.С.(25) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.02.2025 на Граничниот премин Стар Дојран, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.М.(20) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 22.03.2024, , полициски службеници го затекнале пријавениот во паркот во Богданци со уште три лица, при што извршиле преглед над него и пронашле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.С.(75) од с.Јанчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во 2024 година, во својство на инвеститор, пријавениот изградил помошен објект од тврда градба, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во 2021 година, пријавениот извршил градба на индивидуален станбен објект во Куманово без да поседува  соодветна документација издадена од надлежен орган. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 
 

Остани поврзан