
13 март 2025
Баку - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Глобалниот форум „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4 / 12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, и помошник министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски, ќе се обратат на свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) од страна на американската амбасадорка Агелер. (Центар за обука на МВР во Идризово, хол на средното полициско училиште, влез од писта /11:30, пристигнување на медиумите/11:15)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на САЕ ТИГАР, Драган Прокоповски, ќе се обратат на свечена церемонија по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР. (Касарна „Илинден“- Скопје, база на „САЕ- ТИГАР“/ 13:00; Пристигнување на медиумите /12:30; не се предвидени изјави за медиумите)
Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, постојаниот претставник на Обединетите нации, Армен Григорјан, амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин, и директорот за Бирото за регионален развој, Даут Мемиши ќе се обратат на настан на кој 11 општини ќе потпишат договори за реализација на проекти на Фондот за техничка документација, во рамки на проектот „Јакнење на општинските совети за спроведување на проекти“, (х. „Холидеј ин“ /13:00; Изјави за медиумите по настанот)
Скопје - Прва средба на Работната група за унапредување и имплементирање на стандардната оперативна процедура за центри за упатување на жртви на сексуално насилство. (х. „Мериот“ /9:30, изјави за медиумите пред почетокот на средбата)
Скопје - Трибина „Пет годни членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“ во органицација на Дипломатскиот клуб - Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста. (Дом на АРМ /10:30)
Скопје - Прес-конференција на Живко Митревски повод добиени судски пресуди во врска со негово враќање во ССМ. . (х.„Angels“, ул.„Македонија“/10:30)
Скопје - Одбележување на Светскиот ден на бубрегот и 50 години од основањето на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија. (Медицински факултет-Скопје, амфитеатар /11:30; Изјава за медиумите /11:15)
Скопје - Промоција на тритомно издание на книгата „Плодови на духот“ од ставрофорниот протопрезвитер Ацо Александар Гиревски, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност /12:00)
Скопје - Книжевна вечер со Венко Андоновски посветена на српското издание на неговиот роман „Вештица“. (Српски културно-информативен центар „Спона“; бул „Св. Кирил и Методиј“ бр. 30 / 19:00; Изјави за медиуми пред почетокот на настанот)
Скопје - Промоција на посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски. (книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ /19:00)
Софија - Отворање на изложбата „Моменти“ на Марта Патлиџанковска. (Галерија на Македонскиот културно-информативен центар во Софија /18:30)
Скопје - Видеоперформанс и изложба насловена „Кога ги следевме сенките" на Наташа Неделкова. (Француски институт /18:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***