• понеделник, 22 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Вчера во 19:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ф.Ј.(36) од Кочани. Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Лицето е спроведено во Затвор Струмица за доиздржување на казната.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.К.(50) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен во казино во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(65) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Пријавениот, во својство на управител во правно лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, постапил спротивно на Закон за превоз на патен сообраќај. Односно, при продажба на линијата за превоз, наместо да ги врати лиценците и изводите од лиценци добиени за вработените возачи во моментот кога ги одјавил, тој ги искористил за продавање на линијата за поголема вредност.

Синоќа во 21:30 часот во Полициското одделение Петровец, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.У.(53) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во фабрика во индустриска зона „Бунарџик“. Увид бил извршен.   

СВР Тетово денеска спроведе акциска контрола во која биле откриени и санкционирани 4 (ГВ) технички неисправни возила, од кои 2 имале неисправни уреди за управување и 2 неисправни сопирачки. Покрај ова, биле санкционирани и 10(ТЕ) возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина, 5 (ТЕ) кои користеле мобилен телефон додека возеле, 1 кој вградил неатестирани фолии во возилото, 2 кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола и 5 возачи кои непрописно, односно погрешно ги паркирале возила и на кои им биле подигнати од „пајак-службата“. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Вчера на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 10 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 35 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 31 за непрописно паркирање.

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09:30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74). Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ж.С.(37) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Пријавениот, на 18.09.2023 се договорил со две лица од кумановско село да им набави грозје и друга стока за сума од 127.000 денари на едното, односно 22.000 денари на другото лице, но досега не им го донел договореното, ниту им ги вратил парите.

Вчера во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Р.(54) од кумановско село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 19-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Синоќа во 22:25 часот во Полициското одделение Петровец, Ф.М.(27) од Скопје пријавил дека пред влез на угостителски објект во с.Марино, општина Илинден, бил физички нападнат од Н.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Васил Сурчев“ во Струмица настанал пожар во стан сопственост на М.Е.(46) од Струмица. Од пожарот, М.Е. вдишал чад и бил пренесен во Општа болница Струмица за укажување лекарска помош. Екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Н.(75) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 03.11.2023, по преземени активности од ЈП „Национални шуми – Преспа дрво Ресен“, во с.Шурленци, кај пријавениот биле пронајдени 10 кубни метри нежигосани огревни дрва, за кои не поседувал испратница.

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:30 часот на стариот пат Тетово – Скопје, во атар на с.Глумово, скопско, две лица со закана од А.С.(40) од Скопје, вработен како доставувач на фирма од Скопје, одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.И.(59) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 14.09.2023 во Штип, пријавениот физички го нападнал Б.Ш.(52) од Штип и му нанел тешка телесна повреда.

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во Скопје, при чистење на службениот пиштол, Г.А.(46) од Скопје, полициски службеник, испукал еден куршум и се здобил со повреда на ногата. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(37) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.11.2023, полициски службеници извршилe претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. фф/дма/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан