• петок, 26 јули 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) - На 12.05.2024 во 23.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Б.(27) од Гостивар. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкции, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 16 мерки за прекршоци кои ги прават пешаците, како и 17 мерки за непрописно паркирани возила...

Вчера (12.05.2024) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 112 возачи. Од нив, 73 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-23 и ГВ-50), од кои 3 возачи (ТЕ-1 и ГВ-2) пречекориле за над 70 километри на час, а 15 возачи (ТЕ-5 и ГВ-10) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 39 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-19 и ГВ-20), а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-5). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.05.2024) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 76 мерки, од кои 10 за возење без возачка дозвола, 25 санкции за непочитување на брзината на движење, осум за управување под дејство на алкохол, 5 мерки за користење на мобилен телефон...

На 12.05.2024 во 17.15 часот во СВР Велес, М.П.(46) од Велес пријавила дека на улица „Никола Карев“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 12.05.2024 во 11.50 часот во Полициското одделение Галате, Т.С.(75) од гостиварско Калиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 12.05.2024 во 12.40 часот во Полициското одделение Галате, Ф.С.(47) од гостиварско Калиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан