• недела, 11 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Б.(36) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Ресава, при што биле пронајдени и одземени ловечки пушки, кои ги поседувал без дозвола од надлежен орган.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Г.(37) од Македонска Каменица, директор на основно училиште во Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Во периодот од 05.12.2024 до 14.02.2025, со намера да го спречи и отежне докажувањето на преткривичната постапка која се води пред Основното јавно обвинителство Делчево за докажување на веродостојноста на сертификатот за познавање на англиски јазик, пријавениот од неговото лично досие во училиштето го зел сертификатот и текстот, кои биле заверени со оригинален печат од нотар и на 14.02.2025, пред да почне со работа новиот директор, го вратил досието без наведените документи.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ф.(63), М.Ф.(29), Џ.Ф.(32) и Р.Ф.(28), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.03.2025 во Кичево, по претходна расправија, пријавените физички нападнале вработен во ЕВН Македонија додека извршувал работни задачи.

На 07.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(25) и П.Ј.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и еден нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Денеска (08.04.2025) во 01.00 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, во близина на крстосница со ул.„Бутелска“, во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(44) од Скопје и патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од с.Горно Оризари, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.К., а со телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје 

На 07.04.2025 во 09 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на земјен пат во атар на село Казандол, Валандовско, патничко возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(57) од с.Казандол, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Валандово.

На 07.04.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Прашка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(56) од Скопје и товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 07.04.2025 на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода M.Ф.(28) од Република Албанија затоа што при извршена контрола било констатирано дека за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Белгија. Тој бил задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 07.04.2025 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.А.(20) од Струмица. Тој бил затекнат во момент кога вршел „тешка кражба“ во кругот на автобуската станица во Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.04.2025 во 11.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По извршени проверки било констатирано дека за него имало распишано три централни потерници поради постоење сомнение за сторени кривични дела по член 242, член 235 и член 236 став 1 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. Лицето било спроведено во Основен суд Скопје 1. Во 17.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Тетово од слобода бил лишен и Ш.Р.(32) од Тетово поради сомнение дека му ја продал дрогата на С.М.. Тој бил задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.04.2025 во 10.50 часот во Пoлициската станица Карпош,  од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратил Х.С.(16), за кого на 04.04.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.  

Денеска (08.04.2025) во 03.31 часот во СВР Скопје, од казино на подрачјето на Чаир било пријавено дека пред влезот на казиното две лица фрлиле шише со запалива течност, а вработени од обезбедувањето го изгаснале пожарот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 07.04.2025 во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината. Возилото е пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.04.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.04.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје 37-годишна жена пријавила дека околу 12.00 часот во семејниот дом во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан