МВР-билтен
- СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Н.(65) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Н.(65) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 22.11.2024 во Струмица, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т.(70) од Ново Село, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 18.02.2025 во објект на катастарска парцела, која според Законот за извршување била предмет на испразнување и предавање на трето лице, на недвижност која била во сопственост на пријавениот, биле пронајдени и одземени полуавтоматска пушка, пиштол и куршуми, кои припаѓале на правен субјект избришан со стечајна постапка од регистарот на Централниот регистар, а за кои не била извршена пререгистрација.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Градиште, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ по член 201 од Кривичниот законик. На 08.02.2025 во атар на с.Кучкарево, Кумановско, пријавениот под дејство на алкохол управувал трактор, на кој го превезувал неговото 12 - годишно дете, а кое останало подолг период на ниски температури и на тој начин го ризикувал неговото здравје.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,телесна повреда’’ и ,,непочитување на судска одлука’’. На 03.04.2025 во Велес, пријавениот не почитувал судска забрана за приближување до домот на неговата мајка, отишол во нејзиниот дом и физички ја нападнал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,послужување“. На 10.07.2024, пријавениот склучил договор за изнајмување на патничко возило и овластување за користење на возилото со правно лице од Гостивар,но не го вратил возилото во договорениот период и заминал во Република Грција. По извршени проверки било констатирано дека возилото се наоѓа во Грција и дека е одземено од надлежните служби затоа што со него било извршено кривично дело ,,криумчарење’’.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Е.(42) од с.Синичане, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „,узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во август 2022 година на катастарска парцела на локалниот пат кон Долна Лешница, Тетовско, пријавениот извршил узурпација и бесправно изградил плоча на државно земјиште без дозвола за градба издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности’’. Во мај 2024 година на ул.„Илинденска“ во Гостивар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост и изградил времен објект со што се стекнал со противправна имотна корист.
Во периодот од 20.00 часот на 09.04.2025 до 01.45 часот на 10.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Виница, Ќ.С.(24), А.С.(54), И.Ј.(46), Р.Д.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.04.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац за возила на подрачјето на Карпош, сопственост на И.Ш.(57) од Скопје, настанал пожар на сува трева од кој биле зафатени седум возила кои не биле во возна состојба и ги користел за резервни делови. Според пријавеното, додека И.Ш. со брусалка сечел едно од возилата, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и ги зафатил возилата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. И.Ш. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2025 во 14.55 часот во СВР Скопје, А.Т.(22) пријавила дека во парк на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од М.Ц. двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.04.2025 во 15.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Б.Д.(29) и Ј.М.(30), двајцата од Скопје, затоа што околу 15.30 часот пред влез на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.04.2025) во 03.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.(43) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.
На 09.04.2025 во 08.54 во СВР Скопје било пријавено дека околу 04.00 часот со запалива течност бил предизвикан пожар во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од лица вработени во соседен објект. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2025 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир настанал пожар во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид. мд/
Фото: МИА архива