• четврток, 02 мај 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 23 април 2024 (МИА) - На 22.04.2024 во 19.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(42) и К.Ѓ.(29), двајцата од село Колешино, Струмичко. При преглед на патничко возило „бмв“, во кое биле затекнати двете лица, била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на Д.К.. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.04.2024 во 17.30 часот во Ново Село полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.С.(33) од село Ново Село, Струмичко. При преглед на лицето била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.04.2024 во 12.00 часот во село Бориево, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, постапувајќи по наредба на Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот на К.И.(23) од село Бориево, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.04.2024 во 02.20 часот на улица „8-ми Септември“ во Велес полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ж.(40) и 30- годишната С.А., двајцата од Штип, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, Велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.04.2024 во 19.40 часот во ОВР Берово било пријавено дека на ул.„Равен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, Пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

На 22.04.2024 во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната граница од Република Грција кон Република Северна Македонија. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

На 22.04.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром З.З.(60) од Скопје, пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.

На 22.04.2024 во 16 часот во Тетово на улица ,,107“ полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, го привеле В.Л.(20) од Тетово, кој бил баран за издржување на затворска казна. Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
 
На 22.04.2024 во 16:40 часот во Тетово на улица „ЈНА“ полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Е.А.(22) од тетовска Мала Речица, кој бил баран за издржување на затворска казна во врска со сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичен законик на РСМ.  Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната. мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан