• четврток, 08 август 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - На 07.08.2024 во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ.

На 07.08.2024 во 10.35 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа А.Б.(32) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 07.08.2024 на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(41) од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и остар предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.Т.(24) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека зелената карта за товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот во  Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од ул. „Боро Хаџиески“ со ул.„Кузман Јосифоски - Питу“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.М.(33) од с.Радолишта, Струшко и мопед „априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 07.08.2024 во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.   

На 07.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље-с.Петралинци, Струмичко, З.А.(24) од с.Старо Балдовци, Струмичко,   управувајќи патничко возило „опел астра“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 07.08.2024 во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј „Братсво - единство“ со улица „Панче Попоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(30) од гостиварски Балиндол и мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(36) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 07.08.2024 во 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на 06.08.2024 во 16.20 часот на регионалниот пат Пробиштип-Кратово, Т.М.(25) од село Кетеново, Кратовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телсни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 07.08.2024 во 19.55 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.Н. од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од трактор, кој го управувал В.Р.. Се работи на расчистување на случајот.    

На 07.08.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Крива Феја“ во Скопје била касната од куче.

На 07.08.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ч.(44) од село Бразда, Скопско, пријавил дека на ул.„Зуфер Мусиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.08.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(48) од село Кадино, општина Илинден, пријавил дека на ул. „Благој Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан