МВР-билтен
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. На 22.12.2024 во болницата во Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон неговата сопруга.

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. На 22.12.2024 во болницата во Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон неговата сопруга.
На 06.04.2025 во 17.50 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, на место викано Скудрински мост, патничко возило „ланд ровер" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(49) од Тетово, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Ш.С.. Со тешки телесни повреди се здобила негова сопруга А.С.(47), сопатничка во возилото, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.
На 06.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје и Е.А.(19) од с.Идризово, Скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.04.2025 во 10.50 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип, кај клучката Север, патничко возило „шевролет“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(31) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 06.04.2025 во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, тротинет управуван од Е.Т.(33), удрил во пешакот Р.М.(73), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 06.04.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца - Организациона единица Козле било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник К.П.(17), за кој на 04.04.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 06.04.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ц.(49) и Б.М.(31), двајцата од с.Марино. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.04.2025 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(26) и А.А.(28), двајцата од Скопје, при што бил употребен и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.04.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(22) од село Р`жаничино, Скопско, пријавил дека на 03.04.2025 околу 23.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од Л.Ј.(26) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.04.2025 во 16.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна поранешна сопруга дека во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром физички го нападнал нивниот 14-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. мд/
Фото: МИА архива