• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - На подрачјето на СВР Штип вчера полицијата спровела акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 98 прекршоци, од кои 31 на подрачјето на Штип, 15 во Кочани, 3 во Пробиштип, 18 во Виница, 8 во Делчево, 10 во Берово и 13 во  Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 15 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 2  за некористење на сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.

На 15 и 16 мај 2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возила кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани вкупно 85 прекршоци надвор од населено место и 73 пречекорувања на брзината во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.    

Вчера во 14 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Штип, во населба Дамјан, радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки нинџа“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(43) од Гевгелија и трактор „имт 539“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(59) од с.Дамјан. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 69 прекршоци, од кои 47 за управување на моторно возило со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. 

Вчера околу 17:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово. По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Кај место викано „Три Води“, атар на с.Брезно, тетовско, вчера во 00:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(30), А.С.(20), И.Р.(22), тројцата од с.Слатино, тетовско и Б.Е.(36) од с.Непроштено, тетовско, бидејќи кај нив биле пронајдени ловечка пушка „Ата“, со 30 парчиња муниција, еден карабин „Сава Сарс“, со три куршуми калибар 8,57 мм, пиштол „Глок“ и рамка со 16 куршуми калибар 9 милиметри, за кои не поседувале дозвола, ловечки нож и патничко возило „шкода фелиција“ без регистарски ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15 часот во СВР Скопје, И.Ј.(39) од Скопје пријавил дека во Градскиот трговски центар во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Во СВР Куманово вчера околу 16:35 часот вбило пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово. По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, С.Н.(28) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник.  ар/

Остани поврзан