• сабота, 22 јуни 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - На 20.06.2024 во 09.57 во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека при извршување земјоделски работи со трактор во Македонска Каменца, С.В.(64) од Македонска Каменица се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. 

На 20.06.2024 во 14.45 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Долно Трогерци, општина Карбинци, настанал пожар на земјоделска машина-комбајн при вршење жетва, а кој бил управуван од С.М.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци. Од пожарот биле зафатени и ниви со житни култури, сопственост на Ѓ.Г.(54) од с.Долни Балван и С.К.(72) од Штип. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.  

На 20.06.2024 во 04.30 часот на ул.„Рудничка“ во Кичево, полициски службенци од Полициската станица Кичево го привеле лицето А.С.(32) од Кичево затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.06.2024 во Полициската станица Центар бил извршен службен разговор со С.Д.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2024 им се заканувал на неговата поранешна 38 – годишна сопруга и нејзиниот партнер Б.Ј., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.06.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, В.Ш.(33) од Скопје пријавил дека околу 00.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, С.И.(31) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од Е.С., кој употребил и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (21.06.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, Ј.А.(45) од Скопје пријавила дека на 20.06.2024 околу 21.30 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024, полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со А.М.(36) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.41 часот со остар предмет ѝ се заканувала на Б.К.(43) од Штип пред нејзиниот дом. По целоосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (21.06.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, К.Ц.Р.(36) од Скопје пријавила дека на 20.06.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на с.Ново Село, Скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, А.Б.(44) од Скопје пријавила дека на 19.06.2024  околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник кој го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Кочани, З.А.(74) од с.Чешиново пријавил дека околу 09.30 часот во атар на с.Бурилчево, Кочанско, бил физички нападнат од Г.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во 14.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.К.(41) од с.Драчевица, општина Студеничани. Тој се сомничи дека на 18.06.2024, по претходна расправија, упатил закани на неговиот сосед Ф.М.(43) од Скопје и испукал неколку куршуми во воздух од гасен пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

На 21.06.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје, 33 – годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра. Подоцна во 00.40 часот на 21.06.2024 негов сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа. Пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во 11.36 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(75) и С.Х.(50), двајцата од Куманово, при што Б.С. употребил тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.06.2024 во Полициската станица Кичево, З.Д.(45) од Кичево пријавил дека во 09.30 часот Д.Ц.(48) од Кичево со употреба на сила влегол во домот на неговите родители Ц.Д.(74) и Б.Д. и им се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2024 во Полициската станица Чаир, И.Ќ.(22) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Б.Ќ.(29), кој и претходно се оддалечувал и се враќал во домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 20.06.2024 во СВР Битола, Ѓ.Б.(72) од с.Горно Оризари, Битолско, пријавил дека на ул.„Ванчо Јаневски” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2024 во СВР Битола, Д.Н.(55)  од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека на ул.„Бурса” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Центар, Ф.С.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Кичево, Л.Ј.(35) од с.Радожда, Струшко, пријавила дека на ул.„Методија Стефаноски“ во Кичево била касната од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан