• петок, 22 ноември 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - На 09.10.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Н.(37) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. Д.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од с.Камењане, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 08.10.2024 во село Камењане, пријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ф.С.(35) од истото село, со кого се познавале и работеле заедно.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 06.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода. Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено – поправната устнова Затвор Шутка во Скопје.

На 09.10.2024 во 11.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Љ.П.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во зграда на подрачјето на Центар. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (10.10.2024) во 01.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.М.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени кокаин, хероин и марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.З.(64) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.10.2024 во Кичево, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.

Денеска (10.10.2024) во 07.30 часот во Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје затоа што на 09.10.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.10.2024 во 15.30 часот во село Идризово, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги привеле А.Ч.(25), Е.Ч.(18) и Ј.Р.(32), сите од село Идризово, Скопско, затоа што по претходна меѓусебна нетрпеливост го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Д.(34) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 02.10.2024 во станбен објект на ул.„11 Септември“ во Кичево, пријавениот агресивно се однесувал кон полициските службеници и кои вршеле службени дејствија.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измами при добивање на кредит или друга погодност“ и против Ц.С.(57) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавените, откако го довеле во заблуда, ги искористиле податоците од личната карта на едно лице, по што во негово име зеле кредит од финансиско друштво.

На 09.10.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Чаир, Г.Ц.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.10.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Б.С.(51) од село Тркање, Кочанско, затоа што во двор од семејна куќа во село Тркање со остар предмет му се заканувал на С.М.(36) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.10.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, Г.К.(48) од село Трубарево, Скопско, пријавил дека околу 17.50 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Т.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против К.С.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2024 година, на дел од катастарска парцела покрај крајбрежјето на дебарското езеро, сопственост на АД ЕСМ Скопје, изградил ограда и потпорен ѕид, без решение за изведба на градба.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(52) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 30.08.2024 на регионалниот пат Овче Поле - Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

На 09.10.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, В.Т.(48) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Берово било пријавено дека на 08.10.2024 во семејна куќа во Берово, Н.Ј. физички го нападнала својот сопруг, при што употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 09.10.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје и И.З.(55) од село Морани, Скопско, пријавиле дека на подрачјето на Бит Пазар, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.10.2024 во СВР Битола, М.Ш.(62) од Битола пријавил дека на ул.„4 Ноември” бил каснат од куче скитник .

На 09.10.2024 во 21.50 и во 22.50 часот во Полициската станица Центар, И.И.(46) и Ј.Т,Ј.(61), двете од Скопје, пријавиле дека околу 20.00 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, двајца малолетници со закана со остар предмет од нивните малолетни синови одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, И.З.(45) од село Крушопек, општина Сарај, пријавил дека на 06.10.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.10.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил штитеникот Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.10.2024 во СВР Битола, Ж.Н.(57) од с.Долно Оризари, Битолско, пријавил дека на ул.„Прилепска“ бил каснат од куче скитник. 

Фото: МИА архива  

Остани поврзан